Monday, September 24, 2007

Бранко Азески - Овчарот кој чува волци

Пред малку на ТВ-Канал 5 го гледав Азески, а новинарот кој демек поставува незгодни прашања е Роберт Поповски. Сакав да напишам еден подолг пост за делото негово, но ми светна една сијаличка која ми рече: Остави ги! Глумат сила! Мртви се!

И покрај сите лажливи реченици кои ги кажа и лесно се побиваат, ќе преќутам, сфатив дека сијаличката е во право. Овчарот Азески пробува да ја спаси глутницата составена од 10-15 волци, сопственост (...Азески Бранко, долгогодишен и многу битен му чувар на грбот...) на другар му...

Tuesday, May 8, 2007

(Како станав терорист акт 4) Селска Љуботенска Летна Идила

Позадина...
Десетина до петнаесет саати пред нападот на Љуботен, од страна на “македонските терористи“, во една скопска кафеана негде во општина Чаир, контраразузнавачите од македонските терористички сили регистрираат една средба...

Во ресторанот е виден полициски функционер со чин мајор во присуство на еден од главните логисти на “борците против терористичката славо-тиранија“, инаку сопственик на компанијата АЛДИ или АРДИ(не замерувајте за двоумењето за името на фирмата), енормно богата персона по потекло Љуботен. Спомнатиот мајор(ќе се потрудам да се сетам на неговото име и ќе го апдејтувам постов) инаку е личноста одговорна за резервниот полициско-терористички состав, и располага со сите податоци за бројот, спремноста, плановите...

По експресното добивање на оваа информација, планерите на терористичката акција која треба да се изврши врз Љуботен, новинарски кажано му фрлаат една “патка“, експресно брзо, додека сеуште се наоѓа на средба со логистот на обесправените и кутри...и тој мајор сега слободни си шета низ Скопје, личност од која зависеа над 500 човечки животи...

..неколку месеци пред да се случи терористичката акција во Љуботен, целото село е невообичаено нераздвижено, нема скоро никакво движење, ни дење, ни ноќе, нема деца, нема жени, оние кои повремено ќе се појават се личности исклучиво од машки пол...иста глетка како кога некое друго село е напуштено, но апсурд...ова е населено!

На планината...
Селото, а и одредени точки на Скопска Црна Гора се опколени од огромен број “терористички единици на АРМ и МВР“...а внатре влегува една единица на “македонски полициски терористи“, кои добиваат подршка од “терористите од АРМ и МВР“ кои го опколиле селото...ова е само опис на стратегијата и ако некој воопшто се прашува дали е вистина или не бајката во Хаг, нека размисли и заклучи единствено воден од логиката...

Rewind...
...Двоглед, некој избезумено трча низ полето...трча и фрла некои чудни железа со цевки, носи шамија, има брада, мантил...гледаш поубаво, си мислиш да не си влегол во филм...сго вртиш двогледот на друга страна...гледаш и таму како некој маж/момче избезумено трча, и тој е облечен во женска облека, фрла железни цевки...за вода најверојатно?

Линк

Friday, February 23, 2007

Црвеноооо волим те!

Црвени образи...

Friday, February 16, 2007

Tuesday, January 9, 2007

(Како станав терорист -Акт 3) Со ѕвонците окулу врат, без Овчарот

Повтроно на сцена стапија платениците, овојпат нови типови, кои делуваат на две полиња, блогосферата и новинарството. Дали сте новинари? Дали сте блогери? Што сте? Едно големо ништо? Да п.с. потпомогнати од стариот Пљукач Фраер.

Сите нивни постови и написи се празен текст, без конкретни факти, без конкретни дела кои се за осуда, се сведува на простачко плукање, што не ни смее да биде забрането, но лажната плунка ветрее, џабе е плукната. Ниеден нивни текст нема конкретен доказ за конкретна вмешаност во нешто, не е потребен ни доказ, потребна е здрава приказна која има конкретна прикажана вистина.
Свирчињата се забранети, рокот на траење се чита нели? Што ќе користите сега звонците од одземените овци на Иснифарис? Нема да има потреба ни да одземате екстра воздух од нашиот дел. Мрдајте со главите во поголем круг, нека ви ѕвони во ушите, додека не ви одѕвони.
Можеби се надевате на награда од ОТПИШАНИОТ?

Пиша и Оксиморон за истово.

Friday, November 24, 2006

(Како станав терорист - акт 2) Главата Горе! Готови сте!

(Како станав терорист - акт 2)

Главата Горе! Готови сте!


Скопје, 1996 година, месец Мај

Се возам во една бесна кола, двосед, возена и сопственост на една опиена личност, со име Александар, на презимето не се сеќавам. Одевме до судот кој се наоѓа на Бит Пазар, значи Основен Суд Скопје. Одејќи натаму, Александар кој беше енормно богат, а не беше ниту мој пријател, така припит ми рече.

- “ Прво ќе идеме кај судијата што ме спаси од затвор. “

- “ А шо си напраил, за да идеш у затвор. “

- “ Абе пред неколку месеци, пијан удрив една девојка, а глупачата ко за беља умре на лице место. “

Тој продолжи да објаснува како се се случило без и ронка каење во неговите зборови, јас веќе не ни прашував ништо. Да го запознав и дотичниот судија, влеговме во неговата канцеларија, испивме по една чаша виски и заминавме откако овој му даде еден плик. Сега во овие моменти чувствувам голема вина што не го запаметив името на судијата, па и тој да биде спомнат со име и презиме, како и останатите близу 100 личности во овој текст. кој има 5993 збора, 31402 букви, сместени на 14 страници.

Среда, 8 Март, 2006 година

Во емисијата на Јанко Илковски, Јади Бурек, гостин е адвокатката Љубица Рубен, пријатно сум изненаден од нешто што многу ретко во последниве 15 години сум го чул или видел. Директно именување, етикетирање за корупција, политички притисоци и конкретни факти упатени кон Ленче Софрониевска, претседател на републичкиот судски совет, а сето тоа поддржано со многу други имиња во сите тие случувања. Едноставно кажано презентација на храброст. И воопшто не ми е грижа дали тоа однесување и делување е поттикнато од политички или лични интереси, тотално небитно.

Петок, 16 декември, 2005 г.

Оливера Трајковска во својата емисија, која најверојатна само за неа лично претставува светла точка, собрала на куп еден мал дел од најголемите економски експерти и мал дел од најагилните и најчесни личности од невладините организации. Минчо Јорданов, Јане Миљовски, Зоран Јачев... Ниту легендарните италијански мафијаши никогаш досега не успеале да се појават во телевизиска емисија. Којзнае, можеби некои од нив и се бивши сексуални партнери, само она си знае, тоа е нејзина приватна работа... Но неправедно заборавила многумина, нефер игра од нејзина страна. Навистина сликата е тотално непотполна, вака гледачот не може да ја восприеми комплетната содржина и форма. Без наслов, но со повод логично се доаѓа до заклучок и здраво поставено тврдење дека Оливера Трајковска е во долгогодишна корелација со припадниците на тој политички блок. Не знам само зошто не беа поканети уште почесните бизнисмени од типот на Ристо Гуштеров, Штерјо Наков или Јорго Ќука.

Скопје, Софија, пред неколку години

Не се сеќавам точно која година беше, отприлика пред 3-4 години, во Бугарија беше спречен шверц на 2 тона кокаин, во координирана акција на балканските полициски служби. Јасно е дека станува збор за страшно голема девизна цифра и една од најскапите илегални дроги. Ден по објавувањето на веста, на скопскиот аеродром слетува авион од САД, во авионот лично и персонално е првиот човек на ДЕА, една од најмоќните американски агенции за борба против шверц и слични додавки. По неколкучасовно задржување на скопскиот аеродром, по добивањето рапорт од нашите полицијаци и пердашењето поради спроведувањето на координираната акција која ја спровеле, авионот се упатува кон Бугарија. Едноставно глупавите неспособни балкански разузнавачи, чепнале директно во еден од изворите на буџетот на ДЕА. Ова не е пренесена филмска приказна, ова е кратко-раскажан реално случен акт, кој беше многу добро медиумски прикриен, поточно цензурирано е сето она што не треба да се чуе.

Понеделник, 27 фебруари, 2006 година

- “ Неможе да стане збор за грешка, бидејќи резултаите од тоа вложување се очигледни-до појавата на ТРАНСПАРЕНТНОСТ корупцијата беше безмалку табу тема во Македонија “(Неделно Време).

Тоа е изјава на Зоран Јачев, а јас ќе изјавем дека поголема лага и глупост не е кажана во последните 3 месеци. За корупцијата се зборува повеќе од една деценија, и тоа секојдневно и јавно, од страна на оние кои се засегнати од неа, широките народни маси, граѓаните. За нив никогаш не била табу тема, единствено тие ЈАВНО зборувале и сеуште зборуваат за неа. Никаква новина не е “Фабриката“, а уште помалку поврзаноста на Зоран Јачев со неа, неговите врски со естаблишментот на СДСМ се децениски долги. Исто како и независноста на младата новинарка Маја Томиќ од Утрински Весник, која инаку во слободно време е и претседател на СДММ(социјалдемократска младина на Македонија) на Скопје. Проблемот е во тоа што нивните колеги новинари кои не се дел од таа машинерија никогаш, па ни сега, немале храброст јавно и агресивно да ги етикетираат со име, презиме и нарачател. Но тоа можеби е нормална психолошка реакција доколку некои од нив порано биле дел од Фабриката, но што е со оние кои се сеуште јунфери? Зошти тие ќутат? Сашо Чолаковски, Санта Аргирова, Снежана Лупевска, се само мал дел од бившите пролетери вработени по фабрики, тие штрајкуваа на улица и свиреа со свирчиња кога владееше претходната власт, а сега се елоквентни портпароли во разни министерства. Уште поискусни отпуштени, а некои сеуште вработени работници-пролетери се Мирка Велинова, оној Ерол, Бранко Героски, Ким Мехмети, Гордана Стошиќ, Ацо Кабранов, Борјан Јовановски, Александар Чомовски и останатите обединети другари и другарки. Некои од последниве спомнати најверојатно ги зачешала совеста, па сега чесно сакаат да се искупат, а некои можеби едноставно се на клоци избркани.

Скопје, Бит Пазар, 1997 година, месец април

Прв и последен пат ја видов и запознав таа инспекторка од управата за јавни приходи. Отидовме во старата скопска чаршија, за нешто сосема друго, а таа си ја смени првобитната намера, па почна да влегува од дуќанче во дуќанче, се претставуваше, ќе прашаше дали газдата е тука, ќе избереше повеќе вредни работи пикнати во една или две полни кеси, и така во десетина дуќани. “Купи“ се и сешто за своите две мали деца и маж, кои ги спомнуваше во секој разговор со продавачите. Нормално ништо не би било чудно ако за сето тоа платеше, но новчаникот и остана неизваден од џебот.

Струга, 1990 година, месец Јули, Хотел Дрим

Како тинејџер запознав две сестри исто така тинејџерки. Нивните родители постојано беа опкружени од познати и непознати личности кои им обрнуваа огромно внимание, тогаш немав поим кој е и што е нивниот татко, Мане Јаковлевски(претседател на задграничен комитет на ВМРО, и тогашен финансиер на ВМРО-ДПМНЕ).

Скопје, 1994-1995 година

Како случаен сведок константно ги забележувам презентациите на арогантност, фалбаџиство и тотална недискретност во бизнисите на Владимир Данаилов, сето тоа поттикнато и реализирано поради моќта на брат му Фрчковски (иста како онаа недискретност која ја презентираа војниците на ВМРО-ДПМНЕ). Во тоа време во МВР дури постоеја и фракции, од кои едната ја нарекуваа Фрчковизам/Фрчковисти. Пред некое време го видов Данаилов на некоја телевизија како претставник на невладина организација за борба против трговијата со жени?! Се чудам каде отидоа совеста и човечките исконски вредности, кога тој е претставник на организација за борба против трговијата со бело робје! Таквата слика кога тој и сличните се во невладини организации ми личи на страшен карневал во кој сите учесници во левиот џеб ги носат маските на Фреди Кругер во роља на The Pimp.

Петок, 10 Март, 2006, Радмила Шеќеринска изјави,

- Денес одржавме седница на ЦК, на која го констатиравме излегувањето на Тито Петковски од нашата партија. Со жалење можеме да констатираме дека тој со својата програма е многу поблиску до ВМРО-НП отколку до нас. На следните избори Македонија ќе мора да избира меѓу одењето напред и продолжување на нашата програма или враќањето назад.

Оваа изјава повторно не е ништо друго освен извртување на реалната вистина за неминовноста на доаѓањето на било каква промена во која е небитно која партија ќе биде победник, нормално исклучувајќи ја нејзината партија која во моментов не е ништо друго освен реално постоечко зло на кое му доаѓа крајот. Уште повеќе е огромна директна навреда упатена кон секој оној кој ќе гласа за опозициона партија, а и авто-амнестирање за поразот кој најверојатно ќе го доживеат, според неа поради “глупиот народ“. Тоа е потценувачка изјава со која Шеќеринска директно го оквалификува народот како неспособен, глупав и недоветен да отцени нечие владеење и постапки. Типична психичка тортура, изживување и арогантност, ставено единствено во функција на заштита на сопствената неспособност и недоносеност, потполно исто како и она кое претходно го споменував. Жити Дајнерсот на мајка ти Радмила?!

Скопје, 2005 година

Саем на невладини организации? Саем?!?!?! Што се нуди и продава? Какви бизнис зделки паднаа? Какви прозводи произведувате и нудите? Сите медиуми забележаа, најголем дел од посетителите беа лидери на партии со целата нивна високо и нискорангирана фела. Марш! Илија Милчин, Братислав Димитров, професионално врзани со режирање и актерство, своите искуства од даските кои живот значат ги пренесуваат во реалниот живот преку СОРОС и сличните организации. Која е желбата поради која еден од најголемите светски берзански шпекуланти, човек кој со неговите потези уништува цели економии, Џорџ Сорос наводно сака некому да му помогне? На сите ви ветувам една константна терористичка реакција доколку на денот на изборите ми испратите СМС порака, мостарината ќе ви биде мала за да ја платите кауцијата за трајна слобода и право на постоење.

Професионалци

Црвенковски Бранко

- Наследник на последниот водач на ЦК-СКМ, Петар Гошев, но веќе долго време партијата е преименувана во СДСМ. Окуражен од законските акти кои овозможуваат тајност на вложувачите во одредени типови на компании, станува еден од сопствениците на ЛИНК ТЕЛЕКОМ, некаде во 1995/96 година. За ЛИНК ТЕЛЕКОМ се вели и се знае дека е една од повеќето телекомуникацисики компании кои работат на територијата на Русија. Познат е и како голем гурман, обожава октоподи, жестоки пијалоци од островско потекло и колумбиски специјалитети. Во 1994 година ги фалсификува парламентарните и претседателски избори, по што следуваат долги години на апсолутизам. Следат аферите ТАТ, МАКЕДОНИЈА РЕКЛАМ. Во негово време се случува и атентатот врз Киро Глигоров. Излегуваат информации и написи за неговите врски со компанијата на неговиот другар од студентските денови, Пеце Дамески, сопственикот на АСИБА&МГ, од која владата неколку пати купува поголем број на возила. Вкупната бројка на купени возила приближно изнесува 300-400 парчиња. Во истата таа фирма работи и неговиот шура Димитровски Владо како менаџер за продажба, а денес истиот тој е генерален менаџер на СА&СА компани. Во тие години, преживува и сообрајќајна несреќа со неговото зелено ПОЛО ФОКС, причина, премногу алкохол во крвта. Сите информации за неа експресно се уништуваат и прикриваат. 1998 година губи на парламентарните избори. Во 2002 година повторно станува премиер, се до смртта на Борис Трајковски, кога конечно со сесрдна помош на најголемата опозициона партија и неговите војнички коалициони албански сили ја остварува неговата желба, да биде претседател на Р.Македонија. А овие денови чувме и за неговите банкарски сметки во Швајцарија, за кои никогаш и не сме се сомневале дека постојат. Јас ќе го памтам и како персона која не сакаше да стане за време на интонирањето на македонската химна како дел од првиот парламентарен состав. Неговата жена е сопственик на фирмата СЕМОС во Скопје.

- Азески Бранко, долгогодишен и многу битен му чувар на грбот, моментално претседател на стопанската комора на Македонија, некаде до 1997/98 замешан и во менаџментот на прочуената АСИБА&МГ.

Фрчковски Љубомир

- Бивш министер за внатрешни и надворешни работи (во тоа време близок соработник на сегашниот претседател), кој сега себеси се претставува како голем интелектуален ум и чесен граѓанин. Но во суштина тој никогаш и нема постојан став, постојано го менува, за било која тема. Најверојатно ставот му зависи од тоа кој повеќе ќе излицитира. За време на неговото министерување неговиот брат Владимир Данаилов го раководи бизнисот со фри-шоповите, поточно шверцот. Во тие години МВР набавува над 300 возила Wolkswagen, од компанијата АСИБА&МГ. Му се случуват и уште еден куп афери во врска со набавките во МВР, слики од 100000 германски марки, работни маси и слични ситници. Најголемата афера повторно е врзана за фамозната АСИБА&МГ, скандалот, поточно вистината за шверцот со оружје, во кој МВР изјавува дека набавува 350 шофершајбни, 800 амортизери, 2000 седишта и слично. Потоа наводно следи набавка на компјутерска опрема и софтвер од IBM за потребите на МВР во вредност од над 15.000.000 или 20.000.000 долари. И повторно, покрај имињата на компаниите ЕУРОИНВЕСТ, МБС(Македонски Бизнис Системи), како клучна се појавува судбинската АСИБА&МГ. Во тие години добива на поклон и еден црвен ГОЛФ ГТИ. Склон е кон бомбастични изјави во стилот на Црвенковски (октоподите, 15 септември...), изјавува дека ќе поднесе оставка доколку не ги пронајде атетанторите на Глигоров. Во тие времиња се случуваат и некои многу чудни самоубиства, кај самоубијците кои сами си пукале во главата, на обдукциите наоѓаат и по три, четири зрна од куршуми во главата.

- Саздов Љупчо, неговата десна рака и прв братучед, началник за набавки(директни тендери) во МВР, директно замешан во најголемите скандали.

Костов Хари

- Исто така и тој е еден од долгогодишните децениски грбочувари на Црвенковски. Во аферите поврзани со АСИБА&МГ скоро секаде се појавува и Комерцијална Банка, каде што тој и е директор, тогаш и сега. По калабалакот што го направи за време на неговото министерување во МВР, сфати дека не е способен за режисер на филмот Раштански. Најверојатно поради некој таен политички договор неговата конструкцијата се удави во плитка вода. Но сепак како награда и како човек од доверба на Црвенковски кратко време е и премиер. Дава оставка од таа функција со бомбастична изјава во стилот на најдобриот му другар, имало многууу корупција во владата и окулу неа... Набрзо потоа, дознавме дека и тој е вљубеник во убавините на Швајцарија.

Петковски Тито

- Закоравен комунист-што само по себе можеби и е позитивна особина, цврсто стоење на својот став. Но не е баш така, тој денес му фарба очи на слепиот електорат. Не знам како по толку години членство во партијата која најдолго и ја имала власта во државава, дури денес се освести за штетите и гревовите кои ги направија, само еден збор постои, лицемер. Се беше јасно по поразот од Бучковски другар Тито. Инаку и неговата ќерка, Маја Петковска е една од вработените во ОНАА позната компанија, бар додека постоеше. Денот кога се изгласаа промените во уставот на Р. Македонија, излезе од собранието, сам, беше на два три метра од мене. Еден стар дедо се упати кон него, Тито упати поглед кон нас, како да сакаше да каже “ Не го пуштајте да ми се приближи“. Кога виде дека ние воопшто немаме намера да изиграваме негови телохранители, со наведната глава и крајно засрамен продолжи да оди, а дедото одејќи до него му рече:

- “ Гласав за тебе на претседателските и на сите избори, Тито гласав за тебе! А ти што направи! “, потоа буквално го плукна и си замина. Тоа најверојатно е момент од животот кој Петковски нема да го заборави, напротив сигурен сум дека вечно ќе го памти понижувањето кое му го сервираше стариот смртник.

Фити Таки

- Тој е еден од неколкумината професионални гробари на македонската економија. Бивш министер за економија или стопанство, еден од оние за кои рекоа дека го уништил проектот AUDI во Македонија. Наводно неговото влашко лоби инсистирало на пропаста на тој проект, поради врските со тогашната италијанска премиерка Сузана Ањели(таа во тој период беше во посета на Македонија) од фамилијата Ањели сопствениците на FIAT, и нивната желба да го донесат FIAT во Македонија. Можеби и има некоја вистина во тие тврдења знаејќи дека еден од основачите на тогаш новоформираната компанија АСИБА ИНЖИНЕРИНГ е Стерули Бураку(некои го викаат и лоповот од ТЕХНОМЕТАЛ), кој би требало во целата таа игра да биде кртот. Воопшто не е битно дали било вака или така, или ни вака ни така, битно е дека и овој другар е гробар. Во времето на учителот Таки беше и дел од ембаргото кон Југославија, или ми се причинува? Професор кој сега има искуство во примената на економското знаење, па така на разни форуми се претставува како успешен економист и експерт, само незнам во кое конкретно дело е отсликана неговата успешност, да имаше барем едно.

Филипче Илија

- Кутриот бивш министер за здравство си даде оставка по епизодата на продукцијата К-15 која ги прикажа аспектите на нефер игрите. Нефер играчи…, со пиштоли, со пушки и со лекови…Во министерството за здравство и бизнисот со лекови се вртат убедливо најголемите пари во Македонија.

Миљовски Јане

- Еве уште еден профи-гробар. Овој ли беше министерот во тренерки? Ревносен штедач во ТАТ, и во ниедна друга банка. А вечерва на ТВ кај Оливера ни се претстави како голем познавач на се и сешто. Пази да не те повлече пеперутката па и ти да летнеш. Колку беше цената за еден шлепер од Србија via Mакедонија или Македонија via Србија? 1000-3000 DEM? Multiplay (*) 500-1000trucks = ? capita/per day\in cash, тоа беа пари кои само на хартија ги добиваше Р. Македонија, не вклучувајќи ги во овие бројки цистерните и вагоните со нафта кои одеа кон Србија. Оние кои можат да се наречат и некаков вид на приватни претприемачи, си наплаќаа плус уште по неколку иљади марки во кеш, за секој поминат камион.

Пешев Антонио

- Уште еден ем домаќин, ем министер, ем штедал во ТАТ. Човекот мислел на иднината на својата две годишна ќерка и и отворил сметка во ТАТ. Алал да му е, на двегодишно бебе му остави дамка во животот.

Ханџиски Благој

- За сите свои заслуги кон неговиот capo di tuti capi беше награден со амбасадорска фотеља. Машала, машала...

Филиповски Илија

- Уште еден истакнат деец, кој стана жртва на внатгрепартиските војни за нафтениот бизнис. Најверојатно ќе стане таен член на партијата на гладните бивши СДСМ-овци. Тито-Партија!

Иљоски Илија

- Човек за сегде, стручњак за царина, за телекомуникации, гурман ПРВА КЛАСА. За неговите бизнис афери не се слушнало многу, но сепак се МНОГУ. Тој и Бузлевски се едни од главните контролори на извозот на фиктивното македонско производство, кое пред да биде “произведено“, прво се увезува во Македонија и по неколку саати на македонска територија се извезува во трети земји како македонски производи, бројот на дневниот транзит на камиони е претходно спомнат во текстов. Нафтата е посебна приказна. Неговата пирамида имаше и сеуште има некоја ваква основа.

- Ванчо Лазаров, во тоа време(90’ години) управник на царинарница Скопје, а денес прв цариник, поставен на тоа место како човек кој има огромно искуство и потенцијал во координацијата на шверц-бизнисите и легалното бизнис рекетарење.

- Илија Димитров, тогаш негов заменик, инаку маж на Савка Димитрова (АД Европа), а денес управник на царинарница Скопје.

- Ставров Ѓоко, шеф на внатрешната царинска испостава Скопје, најфреквентната, најоптеретената и се останато што следи со императивот НАЈ, а најчестото нешто на кое веќе 15 години тоа место му одредува суперлативи е кешот. Денес шеф на некоја моќна служба во склоп на царинската управа, која би требало да се бори со сите девијации во царината, но...

Бузлевски Димитар

- Заедно со Иљоски ја држеа линијата на фронтот, во исти ровови седеа, сами ги копаа и исти пирамада градеа. Класични мафијашки опис за двајцата би бил капетани (извршители).

Пенов Ристо

- Типичен пример на homo-паразит, ВМРО-ДПМНЕ до пола, СДСМ остатокот.

Гошев Петар

- Бившиот партиски шеф на Црвенковски. Сакам, ама не сум способен. Тоа е она што може да се прочита од изразот на неговото лице. Во моментот кога ќе влезеш во такво друштво рацете веќе не ти се чисти. Уште еден од низата лицемери, и оној кој во 1994 година му подметна сопка на Георгиевски . Награден е со гувернерска позиција во НБРМ.

Бучковски Владо

- Човекот најверојатно има комплекс на инфериорност, најверојатно неговата цел е да ги достигне митските височини на бившиот му партиски претседател. Уште додека беше министер за одбрана во 2001 година, се наслушнаа мали гласови за некакви набавки во тоа министерство. Ти текнува голманче, ти текнува? А нетранспарентноста најверојатно е наследна особина на секој лидер од СДСМ. Во времето на премиерисувањето на Георгиевски беше еден од најлутите противници на воспоставувањето на некој вид дипломатски врски со Косово, но по неколку години токму тој тие врски ги зацврсти, што воопшто не е грешка, напротив. Тоа е само пример за лицемерие по секоја цена, таму каде што такво нешто воопшто не држи вода. Член е на политичка партија која преку институциите и владата исплаќа некој вид воена оштета, иако официјално немаше војна. За овците во само едно бачило исплаќа сума од 700000 евра, за друго бачило уште 500000 евра, така да една овца во неговите очи и очите на неговите сопартијци има поголема вредност за 70 пати од еден живот на човек кој ја бранел својата земја. Добро е што овој нема страв од летање, но без успех, џабе го троши бензинот на аеропланот. За разлика од Црвенковски тој комплетно ги има изгубено сите битки со неговиот коалиционен мировен партнер. Почна да слави за некои само нему познати постигнати високи резултати. Пази се од вискито на Фуере, тоа може да ти премине во зависност, се надевам дека таа виски-зависност не е генетски наследна особина на секој лидер во СДСМ. Како голем љубител на скијањето сите преговори со личноста која едноставно мрази да проговори бар еден збор македонски, ги одржува далеку од очите на јавноста и народот. Местото е Маврово, место кое сега веќе има достигнато митски статус, нешто слично на округлата маса на која седеле витезите на легендарниот Крал Артур, Персивал, Ланселот и останатите му другари по крв и меч, додека во исто време маговите Мерлин и Моргана фрлале 24-бивалентен ѕвезден прав во очите и ушите на народот.

Макрадули Јани и Кондарко Борис

- Двајца кои себеси се замислуваат како некои лоши момци италијани од предградијата на Чикаго. Еден од нив го врзуваат и со киднапирањето на синот на еден локален скопски богаташ, инаку Албанец кој му има ветено дека при крајот на 2006 година ќе му даде и бакшиш. Чудни се тие врски и фракции во СДСМ, бидејќи фирмата на богаташот е своевиден клон и наследник на една друга, сега веќе изумрена. Во еден од нив во скопската населба Чаир беше пукано, беше нечија цел, чија ли? Ах, Елиот, Елиот...

Димов Владо

- Ем министер, ем за здравство, ем кавалер, ем тендерче за возила, личност за која покрај веќе спомнатите атрибути не вреди да се трошат буквите од тастатурава. Но, знаејќи дека дозволите за увоз на лекови кои ги издава министерството за здравство, скапо се наплаќаат во кеш(превод во множина е: мито и корупција) не ми е јасно ставањето на раката во џебот на државата поради некои бедни ѓерданчиња.

Поповски Никола

- Најверојатно се бори за запоседнување на пиедесталот за најнеспособен министер во последните 15 години, гледано од буквално секој аспект.

Камелеони

Иванов Љубисав-Ѕинго

- Накратко лицемер и камелеон. Една работа е дефинитивна, верува дека е реинкарнација на Јосип Броз. Има високоразвиен рано-феудален дух во својот карактер. Како доказ и потврда за неговата феудална свест прашајте ги бившите фудбалери од неговиот клуб. Има уништено многу спортски кариери и многу човечки животи во Кратово. Човекот си има сопствена девиза во неговата држава, 1 БОН. Приказните за неговите цистерни со нафта кои се упатуваа кон соседната држава на север станаа урбани легенди. Има навика во 3 часот наутро да ги тероризира не само неговите вработени, туку и останатите жители на Кратово, со своите тукушто ноќнородени желби. По амнестијата која ја добива од Љубчо Георгиевски, поминува во неговиот блок, па следователно на тоа Драган Павловиќ-Латас станува прв фан на пред тоа омразениот му Георгиевски. Висината на финансиските издатоци за таа амнестија само Ѕинго си ја знае.

Стојменов Борис

- Самобендисан и самозаљубен шарлатан. Доби шут карта од неговата матична партија поради некој тендер кој се однесуваше на неговата фирма БС. Во моментов неговата телевизија Канал 5 е дел од Фабриката, а можеби и еден од главните генератори во неа. Мајката на Никола Груевски имала 3 стана, од кои два купила на рати, и што сега? А неколку дена пред тоа, одма по прилогот поврзан со Бучковски, се лиферува веста за некоја си кинеска компанија која ќе влезела во Македонија за тука да произведува мобилни телефони. Со кој памет тресете вакви зелени? Кинези ќе прават електроника во Македонија?! Ниеден економски параметар не дозволува такво економско харакири на потенцијалниот инвеститор! Што е битно колку стана имала фамилијата на Груевски, а покрај тоа тие биле купени и на рати, значи не во кеш, ако треба да се лиферува таква вест, дојдете до сознанија и документи какво е потеклото на парите со кои се купени, а не да труете народ со вакви малоумни прилози кои се лиферувани од пролетерот-водач на смена, Ацо Кабранов. Едноставно кажете ја вистината, за се и за секого, без непотребен респект и страв, но знам, тоа е способност само на реалниот човек и неговата лична етика, морал и чесност.

Костовски Трифун

- Еден од оние кои енормно брзо направиле огромен капитал, во неофицијалните муабети неговото име и пари се врзуваат со тајните служби на бившата СФРЈ. Имаше голема афера пред неколку години во Полска, врзана со неговото име, а преќутена во македонските медиуми, најверојатно поради нивната поврзаност со фабриката. Имено тој ја купува најголемата железара таму. Доказите за потеклото на парите со кои е купена директно водат до само една личност, Слободан Милошевиќ, кој за услугата му дава 50% од испраните пари. Се спомнува и СИТИ БАНК од Њујорк, како една од замешаните во транскациите. Седиштето на неговата фирма КОМЕТАЛ ТРЕЈД е во Виена, во истиот град во 1992 година е регистрирана и фирма со име АСИБА&МГ. А сите разбравме дека во истиот град е и фирмата која е поврзана со тендерот за изработка на пасошите. Најверојатно големи бизниси се вртат во Виена, што ти е Австрија, а? Во деведесетите години за време на летните одмори, на неговата јахта чести гости се основите од пирамидата на Бузлевски и Иљоски, конкретно тоа се Лазаров, Ставров и Димитров.

(п.с. Австрија, ЕСМ-дистрибуција?, Случајност?).

Полупрофесионалци

Георгиевски Љубчо

- Вториот од двајцата првенци, асови, од сите тие окулу него само тој е професионалец од рангот на Б.Ц. Тој ништо не правеше. Другите правеа за него, па денес со блажена и екстазична насмевка на лицето ни се смешка. ОКТА, вили во Калифорнија, кино МИЛЕНИУМ во ГТЦ... Најверојатно листата е долга, дополнете ја ве молам. За него се ширеа и урбани приказни за неговата наводна шизофреност. Нескриено ужива во митскиот статус кој му го даваат неговите слепци(партиски војници). По теркот на неговиот најголем душман и со сесрдна помош на неговите албански колациони сили ги фалсификува претседателските избори, Борис Трајковски е претседател уште пред и да почнат изборите. Повторно имаме 100% одзив на електоратот во средините каде што живеат исклучиво Албанци. По седнувањето во премиерската фотеља ги прекршува неговите предизборни ветувања, наместо да ги преиспита сите незаконски приватизации и судски да ги гони личностите замешани во нив, Георгоевски ги амнестира по принципот плати па клати. Меѓу нив е и Орце Камчев, закоравен “комуњар“ по татко, а по изборите еден од најголемите финансиери на ВМРО-ДПМНЕ, па поради таа причина по враќањето на СДСМ во 2002, тој се претвора во една од првите личности за отстрел и заедно со Амди Бајрам стојат рамо до рамо пред ѕидот изграден од црвените осветнички ружи. Георгиевски неговата најголема и фатална грешка за понатамошниот развој на Македонија ја прави во 1994 година кога се повлекува од вториот круг на парламентарните избори. Со тој чекор на Георгиевски, СДСМ е апсолутен владетел кој нема од кого да биде контролиран и предупредуван. Во 1990 година задграничниот комитет на ВМРО и Мане Јаковлески прифаќаат да бидат финансиери само доколку Љубчо Георгиевски е претседател на партијата.

Даравелски Драган

- Кумановец, прв цариник, ударната бизнис игла на Георгиевски. Значи позиција која носи кеш секоја секунда, 24 сата, без паузи. Шверцот на стока на граничните премини стана легална категорија, разликата во царината се делеше на два еднакви дела во кеш, 50% за цариникот, 50% за увозникот, инаку во нормални услови двата дела се сопственост на државата. Со 99% сигурност тврдам и стојам зад тоа дека само 20-30% од узвозот беше подложен на комплетно легална процедура. Пазарењето со цариниците стана урбана државна и институционлана легенда. Тој е и таен сопственик на КОМТЕХ. Таа и останатите негови компании буквално насилно го одзема секој легален и нелегален бизнис во државава. Неговите војници за разлика од комуњарските лицемери, имаат нескриено насилничко и мафијашко однесување во секој момент, но целта сепак им беше иста. Грубата проценка на кеш заработката направена само од увозот на половни автомобили изнесува окулу 7-10 милиони евра легално, а нелегално уште минимум дупло од тоа, пари кои би требало да влезат во буџетот, а не влегле. Во истата царинска испостава која погоре ја спомнав, во тој период дневно се вртат и исплаќаат на рака окулу 7000-10000 евра, тоа се однесува само на ниските нивоа во хиерархијата. Неговата фирма/и е поврзана и со изградбата на нафтоводот наменет за компанијата која неговиот лидер ја продаде, нели? По 4 години, наводно бегство од државата, тој сеуште не е наводно фатен, иако за него има најголеми докази за криминални дејства, за разлика од кутрите жртвени јагниња Арнаудов, Михајловски, Сугаревски. Маневрите за сопствена заштита на Даравелски се интелигентни и подмолни, во деновите пред изборите тој во царината вработува голема група(40-50) млади партиски војници, членови на СДСМ, а скоро цело време додека е на позиција прв цариник, негов советник е Ванчо Лазаров човек на СДСМ, точка. Пред промената на власта, преку институциите врши класичен рекет врз неколку познати компании, една од нив е и ЕУРОИМПЕКС, увозник на автомобилите ПЕЖО, а по промената на власта државата го губи судскиот процес во кој таа е тужена од страна на ЕУРОИМПЕКС, па исплаќа голема сума пари, се спомнува сума на обештетување од 20.000.000 евра.

Пауновски Љубен

- Историски миг во Македонија, жими к... Првата принесена жртва на олтарот од својата матична партија. Набавка на нешта, со примеси на непотизам. Само неколку милиони евра беа во прашање...

Арнаудов Ламбе, Михајловски Војо

- Уште ги судат, никако да ги осудат. Некои чудни судски процеси, 4 години долги. Најверојатно сегашниве владетели си оставаат простор за пост-изборието, друго објаснување не постои, јасно им е на сите дека се криви за грабежите, зошто не ги осудите, што чекате, директни преговори и договори?

Флоровски Александар

- Тивка вода брег рони, ова секако исклучиво само од аспект на бизносот. Софија му е омилен град. Некое време е поблизок е со Пановски Михо, а со Близнаковски(едно време претседавач на советот на општина Чаир) е во тивка војна, поттикната од партиски и бизнис интереси.

- Пановски Михо, Близнаковски Слободан, првиот член во управен одбор на ЕСМ, а покрај останатите нивни позиции тие се и членови на управниот одбор на ФСМ(фудбалски сојуз на Македонија). Испливува на површина скандалот за местење и обид за местење на натпреварот помеѓу репрезентациите на Македонија и Република Ирска.

Сугаревски Владо

- Ми се чини единствениот кој е осуден и испратен во затвор, или грешам?

Петровски Филип

- Исто однесување, ист карактер, исти тресења на глупости како и Кондарко, само не знам кој кого копира? Имаше некоја малку чуена афера врзана за неговиот фамилијарен бизнис кој го води неговата мајка, не памтам што точно беше, но имаше! За неговата дипломатска неспособност не вреди ни да се зборува.

Гиевски Игор, Милошески Антонио

- Овие денови СДСМ го прозва за некои станови или што ли беше. Па што лаете во празно, дајте налог за апсење ако има оправдано сомнение и конкретни докази, барајте екстрадикција од Германија. Не се тоа недопирливите Бранко и Љубчо, не им се плашете.

Текстот за полупрофесионалците е пократок, но тоа е логично. Со времетраењето на моќта е повразан и бројот на бизнисите, сепак 4 <>

Албанофоби и Терори...извинете грешка...демократи...

(многу кратко, заслужува посебно експлозивно полнење)

Фетаи Бесник

- Беше обвинет за незаконска продажба на НОВА МАКЕДОНИЈА, но најверојатно благодарејќи на аршините, немањето докази или промена на партиските бои нема ништо од осудата.

Демири Алједин

- Едно време амбасадор, можеби е сеуште. Осуден, затворен, а по излегувањето од Георгиевски поставен за амбасадор во Швајцарија?! Секако сето тоа под притисок на Арбен Џафери.

Ахмети Али

- ...

Острени Гзим

- Генералот кој нареди: Запалете го Скопје. Дали би го запалил и Скупи?

Велиу Фазли

- Вујкото секретар. Секретар на што, на СКОЈ? Албанските новинари таткото и ќерката Малецка, се осудени на по 5 години затвор, за потполно исти дела за кои е обвинет и Красниќи од Кондово. Но која е нивната несреќа, зошто се експресно осудени, а Красниќи сеуште не е? Пред сите тие настани поврзани со Кондово, истите тие новинари откриле проневера на неколку милиони евра од фондовите на ОНА или некоја друга организација со големоалбански ставови, а Велиу бил токму тој кој располагал со средствата. Уште еден доказ за независноста на судството, сега во албанска суб-верзија.

Џафери Талат

- Учител по планинарење. Одејќи по стапките на своите колеги за постигнување на глобална слава, на ТВ дава часови по планинарење и бијатлон.

Шаќири Џевдет

- Плавокосата ТВ звезда која се појавуваше на CNN, Се знаеше неколку дена пред настаните, македонската полиција сеуште небеше стапнала во Брест и Танушевци, а ниту претпоставуваше дека ќе стапне, а тој бесно изјавуваше дека полицијата ги убива и малтретира албанските цивили, па тие мораат да бегаат во Косово. Саше Фактор Х, гомна да јадеш, ова е јасносвидство, а не твоето. Колку само срцепарателни реални приказни излегоа на виделина под неговата диригентска палка, приказни кои не се случиле сеуште.

Џафери Арбен

- Личност која никогаш не ги криела своите големоалбански ставови, а ниту пак лицемерно ги сменила. Од многумина отценет како еден од најинтелигентните политичари на Балаканот. Тој не е оној кој поради своите ставови ги фрлил во жал и тага дел од албанските и македонски семејства. Ако го сакаше тоа, инцидентите во Гостивар или Мала Речица пред десетина години ќе ги претвореше во река крв. Точно знаеше со кој македонски политичар да коалицира за да ги постигне своите големоалбански цели, но некој друг му ги замрси сметките, двајцата најрадикални националисти многу добро се разбираа. Тврдам дека Џафери е поголем радикал и ултранационалист од Ахмети, но Џафери цврсто стои на земјата за разлика од другиот. Кажа дека веќе не ги интересира концептот мултиетничко општество, тој поим помина во наредната еволутивна фаза, мултиетничка држава, а за таков концепт кој е негде применет немам слушнато, најверојатно ниту ќе слушнам за некој друг таков експеримент, успешен експеримент.

Мендух Тачи

- Поради неговите изјави сериозно размислувам да станам член на неговата партија, иако сум Македонец. Зошто? Прва и најбитна причина, со мојот статус на терорист сум една од најпосукаваните личности во партиите, особено албанските. Второ, едноставно човекот не се срами да зборува македонски, искрено штета што јас знам само неколку албански збора, но ако сакам можам да научам, прашањето е дали сакам? Трето, во една изјава го повика Бучковски да ги врати четирите хашки случаи во Македонија, и тоа само поради оние аршините. Кажа, ако Лека го бараат македонските судови, тој ќе се појави пред нив и ќе му биде судено, но само и единствено ако Ахмети и останатите од ДУИ кои се на Хашката листа исто така бидат судени во Македонија. Јасно како ден, нели? ОфТопик, дечкото е и можеби најбитната карика во крими-бизнис релациите со Косово во тоа време.

Битола, 1980 година, месец Август, куќата на баба и дедо

Бев мал, многу мал, но сепак се сеќавам на сите вистините приказни кои ги преживеале и на секој детал од нивните раскажувања. Дедо почна да ми ги раскажува неговите голготи поминати како што велеше, во српско, турско и бугарско. Кој како доаѓал газел врз нивната земја, нивниот живот и нивната младост. Година 1943, германските војници по случаен избор собираат десетина луѓе, меѓу нив е и баба ми, насила ја оттргнуваат од нејзините пет деца. Тие треба да бидат стрелани во црковниот двор, за пример на другите. Чекаат некој да ја даде наредбата, но во тие моменти одненадеж почнува ужасно невреме, страшен јак ветер, дожд, грмотевици... Силата на природата по некоја случајност ги спасува сите нив од сигурна смрт. Во тие периоди дедо ми бил негде во планините, бегајќи од ганчовци(така ги викаше Бугарите) кои насилно регрутирале војници од македонското машко население, а претходно истото го правеле и Србите. Да, да, имало и гласање за избори, еден српски џандар со палка стои до тебе и го следи правецот на движење на наливот во твојата рака. Сеуште ја паметам и приказната за вампирот кој во близина на една раскрсница сакал да ги убие, да ги задави, да ги уништи, но не успеал, како и сите останати демони предтоа и потоа.


До следниот акт, вашиот Терорист

(Како станав терорист – акт 1) Мојата потисната желба за титула

Дојдов до ситуација да се прашам себеси дал моите критериуми за трајни вредности се грешни. Но колку и да сакам барем теоретски да докажам дека се грешни, не можам, едноставно не е можно да се докаже. Доаѓам во ситуација да се прашам дали можеби сум будала? Дали можеби страдам од амнезија? Дали сум анорексичен? Дали патам од кокошјо слепило? Дали сум лицемер? Дали можеби сум мегаломан? Дали...што?

Ај прво ме изедначија со некој што оние кои прво ги убил, така веќе мртви ги осакатува и се изживува врз нив. Се подложив и на психијатриска анализа и хипноза за да откријам дали јас сум можеби тој кој ги запрел вентилите за вода на водоводот со кој се напојуваат над 100000 граѓани. Психијатарот ми рече: “Не, ти сигурно не си тој“. Сеуште не бев сигурен, мислев дека мојата психа намерно потиснала и заборавила некои работи, па отидов и кај другарот од ров да го прашам дали можеби ние сме егзекутирале или мачеле цивили, но и тој ми рече:

- “Не! Шо ти е бе, еј?! Нормален ли си ти? Си полудел ли?“.

- “Не, не...онака, мислев нешто сум заборавил. Но сега сум сигурен дека не сум, фала друже, се слушаме“

- “Абе чекај бе, чекај малку. Кажи зашо прашуеш?“

- “Не бе нишо, се збунив малку, се е ок, се заебавав бе, ај поздрав.“

- “Поздрав друже, и не прашувај више вакви глупости. Мислам стварно глупо...“

И покрај сите докази дека јас не сум терорист, прифатив да ме изедначат со психолошкиот профил што го има терористот. Иако тоа создаде голема и трајна болка, помислив дека тоа ќе биде крајната и последна иронија, па преќутив.

Многу често ја чувстував и понекогаш сеуште ја чувствувам гадната мачнина, понекогаш ја создаваа партиските моќници со нивните бесцелни меѓусебни напади за тоа кој што направил во минатото. Но уште поголема е кога ќе чујам обични луѓе-слепци кои го научиле на памет тоа туѓо меѓусебно напаѓање, со потполно истата реторика и стил, разговор меѓу глуви, разговор за нешто што е минато, непроменлива категорија.

Во меѓувреме продолжив да живеам како и пред 4 март 2001, единствено се трудев да избегнувам се што е поврзано со тој период, со мали ментални задршки и кратки размислувања кои остануваа во мојот мозок, бегав. Пред 2001 година моите ставови беа главно космополитски, во добар дел и денес се такви, но не толку широкогради како пред тоа. Оние што исчезнаа не се претворија во злобни желби, тие се претворија во осознавање на моментната крајна вистина. Така бегајќи, шетам низ градов, купувам неколку весници, седнувам на едно еспресо, а одејќи натаму забележувам еден голем билборд на кој на неколку јазици пишува: “Заедно сме посилни“. Ги прелистувам весниците и во секој од нив потполно истата слика(реклама) “Заедно сме посилни“. Тоа ми личи единствено како дело на група концинатори кои вршат насилна, неприродна и нестабилна копулација. Рекламата е средство за продавање на производи кои или се амортизираат, или имаат рок на траење, а најчесто се за еднократна употреба. Една таква идеа и мисла не се продава, до неа се патува по сопствено создаден пат. Зближувањето меѓу луѓето кои се различни по било која основа е природен и неминовен процес, но секое насилно копулирање е краткотрајно и има страшен реверзибилен ефект. Гарантирам дека поголем ефект на зближување ќе се постигнел ако сите тие финансии потрошени за тој проект се насочеле кон помош на оние на кои им е крајно потребна. Ќе избереле четворица такви, ете нека биде по етнички клуч, на пр. Ром, Албанец, Србин и Македонец, па токму тие четири индивидуи подоцна би ширеле поголем и реален позитивен ефект на зближување, а не некојси десетметарски билборди.

Последните пет години најчесто употребуваниот термин е: “двојни аршини“, добро ќе беше да е само термин, но за несреќа вистина е. Секогаш кога ќе го чуев ми создаваше неописливо чувство на страшна немоќ и мачнина, во тој дел од секундата помислував: “Како јас не бев некој од оние кои ги погодило некое залутано зрно“. Сеуште ми создаваат мачнина и ме се гади од сцените на препукување помеѓу двете македонски партии, првите ме користеа во партиска промоција иако јас не им дозволив мојата личност да ја врзат за својата партија, а вторите ме нарекоа “гомно“. А што направив јас за и едните и другите така да се однесуваат кон мене, јас едноставно одговорив на повикот од државата, не се скрив кога полицаецот на 4 март културно ме покани, а јас уште покултурно ја прифатив поканата. Не ја прифатив поради нив, прифатив зошто секогаш сум ја сакал земјата и сеуште ја сакам каква и да е во моментов. Ако некого не сакам, не ги сакам нив, ни првите, ни вторите, ни третите, нивните партиски активисти едноставно ми се одвратни, не поради нив самите туку поради нивните лидери и раководства, најчесно кажано поради нивните дела. Чувството на мачнина појако од било кога во мојот живот, повторно ми се врати вечерва, за среќа го нема назад она второто чувство. “Борците за права“ ќе биле заштитени со закон, специјално создаден само за нив, предност за вработување, медицински повластици, социјална помош итн? Најискрено браво, одлична идеја од аспект на хуманост, а што добив јас? Ах, да добив 24.450,00 денари оштета од МВР и засекогаш ќе ги чувствувам последиците од повредата поради тоа што експресно (7дена) бев вратен на терен, но сепак за среќа немам никаков инвалидитет и тоа ми е доволно. Не ми е мене лично потребен никаков закон, ниту сакам да бидам привилегиран, ниту јас лично би прифатил, но аршините...пак ме фаќа мачнина од тој збор, пак... Гадост, хипокризија, лицемерие, дефетизам, мегаломанство, клептоманство, мизерност...долг е описот на сите мои заклучоци, чувства и желби, премногу долг. Едноставно ќе кажам, мојата личност се чувствува предадена, но добро повторно сум жив, повторно можам да дишам, ја нема повеќе мојата виртуелна астма. Има разни типови на предавства, некои се трпат, но некои не...

Гадна мачнина ми предизвикуваат и изјавите на квази-пацифистите, личности кои се на нечии платни списоци, и плукаат врз секој оној кој имал храброст и доблест, јавно во некој медиум да ја изрече вистината. Потоа за нив се вели дека имаат предрасуди, иако предрасуда во реалност не постои, постои само став кој е различен од нечиј друг став. Таквите квазимодовци нека се запрашаат себе си каков став имаат, кога веќе не се способни да изречат бар една вистина. Кога некој јавно ќе ја каже вистината, јас тоа го чувствувам како еквивалент на Одата за Радоста. Ионака општо е познато, секоја крајност, било ваква или таква, предизвикува огромни штети, па така и овој квази-пацифизам. Било која крајност е штетна за секого и секаде!, па вклучувајќи го и нормалниот пацифизам по секоја цена, ако воопшто нешто што оди во крајност може да биде наречено нормално. Што значи таа крајност, мир по секоја цена? Дали и ако цената е моето непостоење? Самоубиството е смртен грев, природна човечка состојба е да даде отпор, а златната средина е вечен баланс и знак на отворен и широк ум. Единствено вистината има позитивно влијание, па каква и да била таа вистина, моќта и толку голема што колку и некој да ја крие таа сама излегува на површината. Таквите суштества и креатури како квази-пацифистите, плукаат и фрлаат со камења врз мене, еден од оние кои им влевале барем мала доза на сигурност додека спиеле во своите кревети, во некои блиски немирни времиња. Таа нивна особина ја користат и за некои кои истото го правеле и во подалечното минато, немаат никаков основен човечки респект и чувство за правда, вистина и реалност. Знам, за да бидеш таков треба да бидеш наречен ЧОВЕК, тоа е титула со кој таквите и сличните не можат да бидат дефинирани, таа титула треба да ја заслужиш. Издржаноста на претходната реченица е уште поголема знаејќи дека е напишана од мене, личност која ја има титулата ТЕРОРИСТ, а не титулата човек, па така мојот став е реален, објективен, непристрасен и некорумпиран поради неприпаѓањето на таа група, ЧОВЕК.

Денес јас останав само еден злобен терорист, осамен терорист, можеби никогаш и немало други, навистина не знам, не паметам веќе, амнезија ли е, амнестија, алхемија, атрофија, анексија, анорексија, апатија... Ако, веќе не е битно, од денес титулата гордо ќе ја носам до крајот на мојот живот, не дозволувам никому да ми ја одземе. Да јас сум терорист, тоа е мојата награда, од срце фала ви на сите кои ми помогнавте да ја добијам наградата. Ветувам дека мојот нареден акт за некои ќе биде крајно болен и малку застрашувачки, а за поголем дел многу интересен и поучен, и ќе биде долг, многу долг...

До следниот акт, вашиот Терорист